Со осум натпревари, денеска продолжуваат квалификациите за ЕУРО 2024-та во Германија.
Дури три дерби дуели ќе бидат одиграни денеска
Во рамките на А групата во која Шпанија ја пречекува водечката Шкотска. „Црвената фурија“ првенствено ќе сака да им се реваншира на Шкотите за поразот во првиот меѓусебни дуел (0-2). Од друга страна Шкотска со евентуална победа уште сега ќе се го обезбеди местото на европскиот шампионат.
И во конкуренцијата „Е“ дуел на двете првопласирани репрезентации. Водечката Хрватска ја пречекува Турција во меч во кој двете репрезентации влегуваат со по 10 бодови.
Последното, трето деби за денеска е закажано во Тирана, каде првопласираната во „Е“ групата Албанија во дуелот со Чешка влегува со два бода повеќе на своето конто.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2024
А група
20:45 ШПАНИЈА – ШКОТСКА
20:45 КИПАР – НОРВЕШКА
Д група
18:00 ЛЕТОНИЈА – ЕРМЕНИЈА
20:45 ХРВАТСКА – ТУРЦИЈА
Е група
20:45 АЛБАНИЈА – ЧЕШКА
20:45 ФАРО ОСТРОВИ – ПОЛСКА
И група
20:45 АНДОРА – КОСОВО
20:45 БЕЛОРУСИЈА – РОМАНИЈА