Шпанија, Турција и Албанија ги добија дерби дуелите од денешната програма во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Во рамките на А групата, Шпанија пред своите симпатизери ја совлада Шкотска и ја намали разликата на 3 бодови.

„Црвената фурија славеше пред своите симпатизери со 2:0 со головите на Мората (74.минута) и Сенцето (86).

Во Осиек, се одигра дербито од Д групата. Со голот на Јилмаз (30), Турција славеше над Хрватска. Сега Турците се први со 3 бодови повеќе, но Хрватите имаат натпревар помалку.

Репрезентацијата на Албанија е блиску до пласман на ЕП. Со победата над Чешка со 3-0, Албанија се зацврсти на првото место на табелата во Е групата. Албанците имаат 4 бодови повеќе од Полска која е сега втора, а Чешка со 8 бодови падна на третото место.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
А група
ШПАНИЈА – ШКОТСКА 2-0
КИПАР – НОРВЕШКА 0-4
Д група
ЛЕТОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2-0
ХРВАТСКА – ТУРЦИЈА 0-1
Е група
АЛБАНИЈА – ЧЕШКА 3-0
ФАРОСКИ ОСТРОВИ – ПОЛСКА 0-2
И група
АНДОРА – КОСОВО 0-3
БЕЛОРУСИЈА – РОМАНИЈА 0-0