И на реванш средбата од ЦЕВ Челинџ купот, одбојкарските на Работнички Скопје се поразени со максимални 3-0 во сетови.
Со овој пораз (25:8, 25:15, 25:10) нашиот претставник во Европа ги завршува своите настапи уште во 1.коло.
Романскиот претставник Лугој покажа зошто и оваа сезона ќе оди на пехарот во ова клубско натпреварување.
Нашиот состав знаеше дека игра со голем фаворит кој ќе атакува на највисок пласман, што го потврди и на двете средби.
Тамара Стојанова со седум поени беше најдобра кај нашиот шампион.
ОК Работнички Скопје по долги години имаше шанса повторно да се натпреварува во некое клубско натпреварување.
Овој двомеч со романскиот состав Лугој за нашиот одбојкарки шампион ќе биде едно добро искуство и подготовка во пресрет на новата одбојкарска сезона во Македонија.