Македонската сениорска репрезентација денес ќе го одигра првиот натпревар од Квалификациите за Европското првенство во 2024 година, против репрезентацијата на Азербејџан.
Борјана Коцева игра на десната бековска позиција и се смета за една од младите надежи на Македонија.
Коцева е оптимист и смета дека со желба и мотивација нашата репрезентација ќе успее да се пласира на Европското првенство.
,,Наша цел во овие квалификации е да се пласираме на Европското првенство.
Длабоко ги анализиравме противниците и веруваме на позитивен резултат. Не потценуваме ниту една репрезентација и нормално дека на секој натпревар ќе влеземе со многу желба и мотивација, желни за надигрување и победа. Очекуваме и веруваме дека со наша добра игра и залагање оваа ЕХФ недела ќе ја завршиме во наша полза.
Со Литванија играме на гостински терен, но тоа за нас не претставува предизвик, напротив, спремни сме да докажеме дека нашата репрезентација има квалитет и дека ќе се бориме до крај.
Ја поканувам публиката да не поддржи во што поголем број заедно да се радуваме за секој наш постигнат успех.
Ние веруваме длабоко во нас, верувајте и Вие!“, изјави Борјана Коцева.
Денешниот натпревар Македонија – Азербејџан чиј почеток е од 18 часот, ќе се игра во СЦ Јане Сандански. Влезот е слободен.
Вториот меч во овие квалификации на нашата репрезентација е на 15 Октомври во 15 часот против Литванија.
Ивона Кимовска