Екипата на ТФТ со пораз ја започна новата сезона во второлигашката АБА конкуренција.
На првиот, од шесте турнири, во Суботица, ТФТ беше совладан од српскиот претставник Златибор со 74-93.
Уште во првата четвртина, по израмнетите воведни пет минути, српскиот тим направи серија од 15-0 која се покажа како решавачка.
Македонскиот претставник постојано ја бркаше таа негатива. Најблиску што дојде тимот од Тафталиџе е од -6 поени. Но, во второто полувреме противникот само ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше 19 разлика.
Следниот натпревар, против Широки Бријег, екипата ТФТ ќе го игра во среда, за кога е закажан и дуелот меѓу Пелистер и Шенчур.
Утре, својот прв меч ќе го има МЗТ Скопје Аеродром кој за противник ја има екипата на Цедевита Јуниор.
На овој турнир во петок ќе се игра и првото македонско дерби меѓу МЗТ и Пелистер.
АБА 2 ЛИГА
1.коло
Понеделник, 21:00 ТФТ – Златибор
Вторник, 21:00 МЗТ Скопје А. – Цедевита Јуниор
Среда, 15:00 Шенчур – Пелистер
2.коло
Среда, 18:00 Широки – ТФТ Моцарт Скопје
Петок, 15:00 Пелистер – МЗТ Скопје А.