Двајца боксери ја претставуваат Македонија на ЕУБЦ куп во Будва, Црна Гора, натпреварување на кое настапуваат 178 боксери од 33 држави.
Во категоријата до 57 килограми, настапува Ален Рустемовски. Тој веќе ја извојува првата победа и тоа со едногласна одлука 5-0. Ристемовски беше подобар од Франческо Издија од Италија.
Наредната борба Рустемовски ќе ја има во среда. Тој го чека победникот од борбата меѓу Илја Варабју од Белорусија и Унгарецот, Роланд Верес.
Нашиот втор претставник Ник Николов ќе се судри со Александру Парашив од Молдавија на 10 октомври.
Николов е ново име во македонската репрезентација, кој по татко е штипјанец, а досега ги настапуваше за Словенија.
Во машка конкуренција има 13 тежински категории, а за четворицата најдобро рангирани предвидени се и парични награди.