Во Првата македонска фудбалска лига денес се одиграа два натпревари и се комплетираше 10-тото коло.

Екипата на Струга Трим Лум на домашен терен славеше со 2:0 против екипата на Силекс. После двата порази бранителот на титулата конечно победи и се враќа на третата позција.

Расположениот Марјан Радески постигна два погодоци, по еден во двете полувремиња. Најпрво прилепчанецот стрелаше во 18-минута и го отвори резултатот, а конечните 2:0 ги постави во 69-минута.

Силекс имаше свои прилики, но не успеа да го најди патот до мрежата на Ќосевски.

Во Скопје силите ги одмерија екипите на Вардар и Шкендија. Пред неколку сезони овој натпревар беше празник за љубителите на фудбалот и одлучуваше за титула, а денес Вардар се наоѓа на последната позиција.

Вардарци се бореа храбро и одолеваа на нападите на Шкендија во првиот дел.

Методи Максимов во 65-минута упати инзвореден удар од далечина и успеа да постигне прекрасен гол за водство на гостинската екипа. Дефинитивно овој е еден од поубавите голови во нашето првенство.

До самиот крај фудбалерите на Шкеднија рутински ја завршија својата работа и со голот на Алмир Аганспахиќ длабоко во судиското надополнување ја потврдија победа од 2:0.