Кошаркарите на Фени Индустри ја остварија втората победа, нанесувајќи му го на Кожув вториот пораз во новата сезона на Првата лига.

На натпреварот одигран попладнево во Кавадарци, домаќините славеа со 80-73.

Кавадарчани одлично ги одиграа првите десет минути, кои ги добија со 26:17.

Во втората, потполно различна слика на теренот. Кожув беше екипата која направи пресврт. Со серија од 15-3, преминаа во водство. Сепак, до крајот на првото полувреме кавадарчани се вратија и поведоа со минимални (38:37).

И по одморот гостите од Гевгелија одново направија позитива, овојпат од пет поени (52:47). Следуваше сериозен пад во нивната игра, а тоа го искористија кошаркарите на Еуро Никел 2005.

Тргна нивна нова серија (12-0) за ново враќање, водство од (59:52), како што стоеше резултатот во 28.минута.

До истекот на третата четвртина, домашната екипа го зголеми, за нов плус од десет поени, (66:56).

Но имаше да се играат уште толку минути во салата „јасмин“. Во оние први четири од четвртиот период, гевгеличани одново се заканија, и дојдоа на негатива од само еден поен (67:68). Но Дубински и Младеновиќ (со тројка) го одбија тој напад, за нешто посигурни (73:67) во средината на последниот дел.

Гостите одново дојдоа на само еден посед заостанување (71:73). Но, во моментите кога за тоа беше најпотребно, погодија Врањеш, Блекшир и Дубински, за триумф на Фени Индусри со 80:71.

Кај победникот четворица од петмината стартери имаа десет и повеќе поени. Смит Мексвејн даде 19, Врањеш имаше 18, Блекшир 16,а Дубински уште 14. поени.

бадијала беа 24 поени на Слејтер кој го заврши мечот како најефикасен кога Кожув го претрпе вториот пораз.

Второто коло ќе биде заокружено утре.

ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
недела
ЕУРО НИКЕЛ – КОЖУВ 80-73
понеделник
18.00 ФЕНИКС – ВАРДАР
одиграно вчера
ТФТ – ЧАИР 77-66
ОХРИД – ФМП АКАДЕМИЈА 82-66
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 90-92
одиграно во средата
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 85-59