Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја запиша четвртата победа во женската Супер лига откако ја совлада екипата на Спартак со 41:27.

Домашната екипа со серија од 7-1 успеа да поведе во 7-та минута.  Ѓорче само ја зголемуваше предноста па во 19-тата минута предводеа со 16:5.

Гостите се обидуваа да ја намалат негативата но, домаќините не дозволија и на полувреме заминаа со водство од +12 (23:11).

Ѓорче во втората половина продолжи со зголемување на предноста па во 50-та минута поведе со 37:24. Крајниот резултат беше 41:27 за екипата на Ѓорче Петров.

Најефикасна од победничкиот тим беше Емилијана Ризоска со шест погодоци, додека од тимот на Спартак Ангела Гроздановска даде дванаесет гола.

Во натпреварот меѓу екипите на Шампион и Астибо штипскиот тим се покажа како подобар и успеа да оствари победа со 27:21.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
сабота
СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 27-27
ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР 16-27
ШАМПИОН – АСТИБО 22-27
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК 41-27
недела
13:30 КУМАНОВО – ДЕСПИНА
18:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР СКОПЈЕ
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР
среда
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА

Ивона Кимовска