Ракометната федерација на Македонија (РФМ), ќе има богата агенда со репрезентативни активности.

Покрај настапот на ракометарките во квалификациите за ЕП 2024-та, повеќе селекции ќе имаат контролни натпревари. 

Сениорската машка репрезентација ќе одигра двомеч со Грција. Дуелите се закажани за 3 и 4 ноември во Солун.

Со истиот противник, по нова година (4 и 5 јануари 2024), црвено-жолтите ќе спарингуваат како дел од подготовките за ЕП 2024 во Германија. 

Во продолжение комплетната агенда на активности на ракометните македонски селекции. 

  • Во период од 07ми и 08ми октомври 2023 година собир и селекција на машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади во СС Автокоманда;

  • Во период од 25.10.2023 до 29.10.2023 година машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади ќе учествува на меѓународен пријателски турнир во Романија, Трофеј Карпати заедно со селекциите на Египет, Романија и Црна Гора;

  • Во период од 30.10.2023 до 05.11.2023 во рамки на ЕХФ машката недела во соседна Р.Грција, машката сениорска ракометна репрезентација ќе одигра два пријателски контролни натпревари со селекцијата на Грција на 03ти и 04ти ноември 2023;

  • Во период од 30.10.2023 до 05.11.2023 во рамки на ЕХФ машката недела машката ракометна репрезентација родени 2004 и помлади ќе одигра пријателски контролни натпревари со селекцијата на Турција во Анкара, Турција во период од 03ти и 05ти ноември 2023;

  • Во период од 14.12.2023 до 18.12.2023 година машката ракометна репрезентација родени 2004 и помлади ќе учествува на меѓународен пријателски турнир во Романија, Трофеј Карпати;

  • Во рамки на подготвителниот период пред учеството на EHF EURO 2024 во Германија, машката сениорска ракометна репрезентација во Скопје ќе одигра два пријателски контролни натпревари со селекцијата на Грција на 04ти и 05тијануари 2024 година;

  • Во период од 04.01.2024 до 08.01.2024 година машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади ќе учествува на меѓународен квалификациски турнир кој ќе биде организиран во Скопје во СС Автокоманда, учесници на квалификацискиот турнир се репрезентациите на Косово, Словачка и Швајцарија, двете прво пласирани репрезентации ќе обезбедат учество на претстојното ЕП М18 2024 во Црна Гора;