Екипата на Феникс претрпе вистински дебакл на своето деби на европската сцена, односно ФИБА Еврокупот.

Во натпреварот од „Е“ група чиј домаќин е Никозијa, Феникс загуби од домаќинот Керавнос со 47 разлика.

Домашниот тим го отвори натпреварот со 7-0. Таквата предност со мали осцилации Керавнос ја одржуваше, а на првата пауза замина со +6 (19-13).

На стартот на вториот период, скопскиот тим се доближи на еден негатива (19-18). Но, тоа беше се што стори, бидејќи противникот во продолжението беше подобар па на полувреме замина со +14 (48-34).

Во третата четвртина почна „бродоломот“ на Феникс, кој за 10.минути прими дури 40 поени, па Керавност славеше со убедливи 47 разлика 107-60  .

Утре феникс за противник ќе го има германскиот тим на Рошток против кого ќе игра во терминот од 18 часот.

Вечерва вториот македонски претставник во ова натпреварување, Работнички ќе го одигра својот втор натпревар.

Во дуел од „А“ групата во СЦ „Кале“ од 20.30 часот, Работички ќе игра против Сабах од Азербејџан.