Екипата на Челзи ја прекина низата од три натпревари без победа во Премиер лигата.
На гостувањето кај Фулам, во меч од седмата рунда, Челзи со два брзи гола славеше победа со 2-0.
Целата работа фудбалерите на Челзи ја завршија во 18-тата и 19-тата минута.
Прво Украинецот, Михаило Мудрик донесе предност на „сините“. И додека траеше повторувањето на голот, Челзи преки Армандо Броја веќе го постигна вториот гол.
Иако во продолжението и двата тима имаа шанса за гол, сепак резултатот остана не променет, 0-2 за Челзи.
Ова е само втора победа за Челзи во Премиер лигата, со која сепак направи скок од пет места. Така сега Челзи е 11-ти со 8 бодови колку што имаат и Нотингем Форес и Фулам на 12 и 13 место.