Македонскта фудбалкса репрезентација месецов ја очекува нов натпревар во квалификациите за ЕП 2024-та.
Македонија на 14 октомври ќе игра против Украина и тоа на неутрален терен во Прага.
Пуштени се во продажба картите за навивачите на македонската репрезентација.
Билетите, по цена од 300 CZK (приближно 755 денари) можат да се купуваат електронски на следниот линк: https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events
Вкупниот број на билети кои се наменети за македонските поддржувачи во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација изнесува 988. (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот).
Фановите кои ќе патуваат на натпреварот Украина – Македонија може да го добијат во ПДФ формат откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница.
Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.