Дулеите во попладневниот термин од 7.коло од Премиер лигата го донесоа и првото големо изненадување. Тоа е поразот на шампионот Манчестер Сити на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:1.
Тимот на менаџерот Гвардиола е поразен, а денешниот дуел настапи без казнетиот Родри што се почувстува во играта на „граѓаните“.
Вулверхемптон поведе со автоголот на Рубен Диаш во 13.та минута, а изедначи Жулиан Алварез во 58.минута. Победата на домашниот тим на „Моленју“ ја донесе Хванг Хи-Чан во 66.минута.
Поразите на Манчестер Јунајтед веќе не се изненадување особено што овој се случи на „Олд Трафорд“. Со три бода од Манчестер се враќа дома Кристал Палас кој до победата од 1:0 стигна со голот на Јоаким Андерсен во 25.минута.
Убедлива победа на гостувањето кај Бурнемунт постигна Арсенал со 3:0. За „топџиите“ беа досудени два пенала кои ги реализираа Одегард и Хаверц.
Сигурна победа на домашен терен оствари Вест Хем со Шефилд Јунајтед од 2:0. Важен триумф на гости во Ливерпул против Евертон постигна Лутон, кој славеше победа од 2:1.
Победа од 2:0 оствари и Њукасл против Барнли.
Во првиот натпревар денеска Астон Вила беше убедлива против Брајотн со 6:1
Попладнево, во терминот од 18:30 часот се игра дербито Тотенхем – Ливерпул.
Табела: Манчестер Сити 18 бодови, Арсенал 17, Ливерпул 16 (натпревар помалку), Астон Вила 15, Брајтон 15,…