Во Втората македонска фудбалска лига се одигра седмото коло.

Беса славеше со 0:2 на гостувањето кај Караорман, со што останува лидер на табелата. Со оваа победа екипата на Беса останува осамена на врвот.

Пелистер имаше тешко гостување кај Вардар Неготино. Очекувањата беа дека битолските зелени ќе имаат лесна задача, но се намачија за да стигнат до посакуваната победа. На крајот резултатот гласеше 1:0 за битолчани.

Детонит Плачковица откако го доживеа првиот пораз, брзо се врати на победите. Во Радовиш настрада екипата на Башкими која беше декласирана со високи 7:0.

Тетекс после тешкиот почеток сега реди победи. Претходното коло славеа над фаворитот Детонит, а денес над Кожуф и повторно со 4 постигнати погодоци. Кожуф кој имаше одличен почеток, сега има два порази по ред, а голеадата заврши со 4:3 за тетовчани.

ВТОРА ЛИГА – 7.КОЛО
БЕЛАСИЦА – ОХРИД – 0:1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БАШКИМИ – 7:0
СКОПЈЕ – АРСИМИ – 1:0
КАМЕНИЦА САСА – ПОБЕДА – 2:1
КАРАОРМАН – БЕСА – 0:2
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТЕТЕКС – 3:4
НОВАЦИ – ОСОГОВО- 1:2
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПЕЛИСТЕР – 0:1