Најтрофејниот фудбалски македонски колектив ФК Вардар во 5 минути до 12 ќе ја почне својата прес-конференција насловена како Доста беше!
Од таборот на црвено-црните велат дека е време е ФК Вардар да го каже својот збор.
Во најавата за средбата со медиумите вардарци велат:
„Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!“
Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”.