Во тек е прес-конференција на фудбалскиот клуб Вардар, насловена како „Доста е!“.
Предводникот на раководната В.Д. структура на ФК Вардар, Милорад Миленковски најави можна на потенцијален странски инвеститор. Според Миленковски тој сака да инвестира 18 милиони евра, но сеуште не е дефинирано и сигурно во целост. Инвестицијата би се однесувала на период од 10 години.
Миленковски од институциите побара, да бидат ажурни и да одговорат на барањата на клубот. Да се изнајдат можниот начин на реализација на странската инвестиција, како што е тоа случај и со останатите странски инвеститори.
Засега името на потенцијалниот „нов газда“ нема да биде откриен, поради договорот за доверливост.
Тој потенцира дека треба да се изнајде начин на репрограмирање на основниот долг на Вардар, кој според него изнесува околу 3 милиони евра, но бројката треба да биде прецизирана.
Воедно побараа да биде спроведена одлуката која е веќе донесена и објавена во Службен весник, за отпис на каматите кои Вардар ги има кој ПУИГ, по основ на користењето на градскиот стадион.