Екипата на Вардар по седум одиграни натпревари со по една победа и нерешен исход и само 4 бодови е на последното место во Првата лига.
На вардарци им е јасно дека годинава основна цел е опстанок во прволигашкото друштво.
Но, црвено-црните, истовремено очекуваат и фер и коректно судење 50:50 потенцира тренерот Александар Васоски.
„Ние веќе ги ‘наместивме главите’ дека следува битка за опстанок и тоа е реалноста, барем до декември.
Мора да го нагласам катастрофалното судење на Стојанче Стојанов, кој не знам зошто, но имаше многу тенденција во одлуките. Го помнам уште од пред неколку сезони и оној дуел против Шкендија.
Од сега натаму сите неправди од арбитрите ќе бидат јавно коментирани. Така ќе биде се додека немаме ВАР. Ние не сакаме ниту помош, само сакаме фер судење 50:50“,
изјави Васоски на денешната прес-конференција на клубот.
Вардарци в недела ги чека тешко гостување во Штип. Според Васоски, Брегалница ќе сака да ја прекина низата од три порази токму во дуелот со неговиот тим.