Жозе Мурињо и неговата Рома продолжуваат со очајните игри во италијанското првенство.  

Во натпревар од 6.коло на Серија А, екипата на Џенова пред своите симпатизери славеше со 4-1. 

Домаќините одлично започнаа и веќе во 5.минута со голот на Гундмундсон поведоа со 1-0. 

Ни е беше долго потребно на римската „волчица„ да стигне до израмнувањето. 

По одличниот пробив на Спинацола и неговиот центаршут, на вистинското место беше Брајан Кристанте за израмнување на 1-1.

Се играше последната минута од првиот дел кога по брзиот напад, Ретеги на ефектен начин го совлада Патрисио ново водство на Џенова, сега од 2-1.

Агонијата на Муриљо и неговите избраници продолжи и во второто полувреме во кое Рома прими уште два гола. 

 Торсби во 74-тата и Месијас во 81-та минута беа стрелци на третиот и четвртиот гол за Џенова. 

За Џенова ова беше само втора победа сезонава со која скокна пет места на табелата и сега е 11-та. 

Рома која го претрпе третиот пораз, продолжува да тоне. Со само 5 освоени бодови 1 на 16-тото место на табелата.