Одбојкарскиот клуб Фит Фан Волеј во пресрет на новата сезона активно работи на засилување на својот состав.
За таа цел од следната сезона на нивно големо задоволство, ќе настапуваат две исклучителни искусни одбојкарски кои доаѓаат од соседна Србија.
Станува збор за Катарина Стаменковиќ и Емилија Михајловиќ кои играат на позициите примач и техничар.
Катарина Стаменковиќ е родена 1996 година, висока е 182 сантиметри. Минатата сезона успешно го носеше дресот на ОК Фит Фан Волеј, а доаѓа од екипата на ЖОК Врање.
Емилија Михајловиќ е родена исто така 1996 година и висока е 177 сантиметри. Таа во својата богата кариера има настапувано за екипите на ЖОК Врање од 2015 до 2020 како и во супер лигашите ЖОК Клек и ЖОК Нови Сад минатата сезона.