Попладнево во Охрид се одигра заостанат натпревар од 4.коло во ПМФЛ.
Првото официјално „езерско дерби“ се одигра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Во него актуелниот македонски шампион, Струга Тррим Лум славеше победа над Воска спорт со 1:0.
Клучниот момент на натпреварот се случќи во 86-тата минутаљ кога по корнерот од десната страна заспаноста во домашната одбрана ја казни Марјан Радевски.
За Струга ове е четврта победа во низа по која се проби на 2.место на табелата.
Стружани сега имаат 15 бодови, еден помалку од прво пласираната Шкендија (16), а исто како и трето рангираниот Шкупи (15).
А, токму чаирчани се следниот противник на Струга во 9-тото коло закажано за претстојниот викенд.