Голема фудбалска еуфорија владее во Хрватска, а причината е вечното дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб.
Пристојниот викенд на „Пољуд“ во Сплит гостува лутиот загрепски ривал.
„Сините“ ги очекува вистински „пекол“ имајќи в предвиде дека картите се веќе распродадени.
Како што информираат хрватските медиуми, само неколку ласа од пуштањето во продажба, оние најбрзите и најсреќните стигнале до најпосакуваното парче хартија за претстојниот викенд.
Од Хајдук најавуваат дека „Пољуд“ во недела ќе бидат полн, бидејќи картите се распродадени.
Хрватското дерби ќе привлече внимание и кај македонската јавност бидејќи во двата тима има тројца македонски фудбалери.
Новајлијата са сплитските „бјели“ Александар Трајковски ќе ги угости екс-капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски и повратникот и легендата на Динамо, Аријан Адеми.
Дуелот Хајдук – Динамо Загреб е закажан за во недела од 18 часот.