Со натпреварот одигран попладнево во Скопје, меѓу Мулти Есенс и Бутел Скопје комплетирано е 3.коло во Супер лигата.
Во дуелот на двете екипи кои ги загубија првите две средби, екипата на Бутел се израдува на првата победа.
Иако во 19-м,инута од мечот Мулти Есенс имаше +5 (14-9), сепак искусните бутелчани не се откажаа. Направија серија со 7-2 по на полувреме резултатот беше нерешен 16-16.
Гостите отворија со три гола во низа во вториот дел. Создадената предност ја одржуваа и надградуваа, за на крајот заслужено да славата со 33-28.
Најефикасен на натпреварот беше Димитар Узунчев со осум постигнати гола за Мулти Есенс.
Во победничката екипа Димитар Ѓоргиевски, Лука Иваниќ и Филип Николов постигнаа по 6 гола. Одличен беше и голманот Александар Стојановски со чија серија од пет одбрани во првиот дел (вкупно 11), започна пресвртот на Бутел.
Во следното суперлигашко коло екипата на Мулти Есенс гостува кај Пролет, а Бутел е домаќин на Голден Арт.