Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одигра осмото коло. Сите шест натпревари ќе се одиграат со почеток од 15 часот.

Најинтересен ќе биде натпреварот што ќе се одигра во Струмица, па и од тука го добива приматот за дерби на колото. Брера Струмица веќе 3 натпревари не знае за победа, а кратовски Силекс им се доближи на само бод разлика. И двете екипи до сега покажаа дека знаат да одиграат одличен фудбал.

Лидерот на табелата, екипата на Шкендија, на домашен терен ќе ги одмери силите со екипата на Македонија ЃП. Во претходното коло тетовци го доживеаја својот прв пораз, па сега се помотивирани за да стигнат до нова победа.

Минатата сезона екипите на Вардар и Гостивар играа дерби натпревари за првата позиција во Втора лига, а денес во овој натпревар влегуваат како екипи кои се на последните две позиции.

Актуелниот шампион, екипата на Струга ТЛ, на свој терен ќе брка нова победа против екипата на Работнички. Романтичарите до сега се покажаа како тврд орев и доста незгоден противник.

Интересна пресметка не очекува и во Кавадарци, каде што ќе се сретнат екипите на Тиквеш и Брегалница. Натпреварите помеѓу овие две екипи секогаш знаеле да бидат неизвесни и атрактивни.

Шкупи патува во Охрид, каде што ќе одигра натпревар со новиот прволигаш, екипата на Воска Спорт. Чарчани иако знаат дека нема да им биде лесно, сепак на овој натпревар одат со една цел, а тоа е победа.

ПРВА ЛИГА – 8.КОЛО (15 часот)
АП БРЕРА СТРУМИЦА – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ

Standings provided by Sofascore