Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите.
На гостувањето во Данска кај Алборг, пелистерци се поразено со 38-23.
Пелистер добро го почна мечот, имаше и предност до 10-минута (4-3). Беа рамноправен противник до 18-минута кога беше нерешено 8-8, а потоа „колата“ тркна низ брдо. До крајот на полувремето зелено-белите постигнаа 2, а примија 10 гола, па Алборг на пауза замина со 18-10.
Вториот дел беше само чиста формалност за данскиот тим, па на крајот Алборг славеше со 15 разлика 38-23.
Со по седум постигнати голови најефикасни на натпреварот беа Алекс Влах кај победникот, и Павле Петровиќ кај Пелистер.
Ова е веќе четврти пораз за Пелистер во новата сезона. Два од Вардар и два во Лигата на шампионите.
Во следното, трето коло, во Битола уште еден гигант, гостува германскиот Кил.
Во меѓувреме Пелистер ќе ги одработи и обврските во домашното првенство.