Екипата на Задар за која настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ го освои 6.место во АБА Супер купот.

На турнирот што се игра во Подгорица, во натпревар за 5.место, Задар беше поразен од Мега со 101-78.

Мекиќ на паркетот мина 21:37.минути период во кој оствари учинок од 7 поени, 2 асистенции, а имаше и една украдена топка.

Претходно во мечот за седмото место, ФМП ја победи Цедевита Олимпија со 85-81.

Попладнево во дуелот за третото место ќе играат Будуќност и Игокеа.

Финалето е закажано за 21 часот. Во него за трофејот ќе се борат актуелниот АБА шампион Партизан и црногорската екипа СЦ Дерби.