Лигата на Шампионите и вечерва ја покажа својата магија, а видовме два исклучително интересни натпревари.
Реал Мадрид минимално со 1:0 го победи Унион Берлин, додека Галатасарај и Копенхаген одиграа без победник 2:2.
Новото супер засилување за Кралевите, Белингам и во Лигата на Шампионите продолжи по истите стапки како и Примера, со гол во финишот донесе победа и три бода за неговиот тим.
Германскиот претставник Унион Берлин одолеваше на нападите на домаќините и успешно се бранеше 94 минути, кога Белингам донесе радост за неговиот тим.
На другиот натпревар во Турција, Галатасарај и Копенхаген одиграа без победник, 2:2.
Гостите од Данска имаа одлична можност за победа но прокоцкаа предност од 0:2.
Во финишот на натпреварот домаќините со два брзи гола извлекоа бод. Најпрвин Боаје во 86-та намали на 1:2 за да две минути подоцна Тете изедначи на 2:2.