Актуелниот шампион на АБА лигата, белградски Партизан е првиот финалисти во Супер купот што се одржува во Подгорица.

Црно-белите во полуфиналето ја совладаа Игокеа со 91:84.

Иако на полувремето Партизан имаше +20 (51:31), сепак во вториот дел малку фалеше да ја прокоцкаат предноста.

Смаилагиќ со 15 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Пантер додаде 13,  Камински 12, а Дузер 11 поени.

23-те поен на Јеремиќ како и даб-даблот на Николиќ (13 поени и 11 скока), останаа залудни за Игокеа.

Кој ќе биде противник на Партизан во утрешното финале ќе дознаеме по црногорската пресметка меѓу Будуќности и СЦ Дерби.