Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во октомври месец ја очекува старт во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Европската федерација (ЕХФ) денеска ги потврди термините на првите два натпревари.
Нашите ракометарки квалификациите ќе ги почнат на големиот празник 11 Октомври, со дуелот на домашен терен против Азербејџан. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 18 часот.
Четири дена подоцна (15 октомври) Македонија ќе гостува во Вилнус. Натпреварот против Литванија ќе се игра во терминот од 15 часот.
Покрај овие две селекции, Македонија за противник во групата „5“ ќе ја има и Шпанија. Двомечот со „црвената фурија“ е на следната година на 28 февруари дома и на 2 март на гостински терен.
Квалификациите ќе ги завршиме во април месец (2024) со дуелите против Азербејџан на гости (3 април) и Литванија дома (7 април).