Со натпреварот во Супер купот на Македонија, официјално стартува новата сезона во мак-баскетот.

Дуелите за првиот трофеи во двете конкуренции се закажани за во сабота (23 септември).

Во женска конкуренција за трофејот ќе се борат шампионот Баскет Кам и освојувачот на купот МЗТ Скопје Аеродром. Тоа практично ќе биде и реприза на куп финалето. 

Истото важи и за натпреварот во машка конкуренција, 

Иако екипата на МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона ја заврши со двојна „круна„ шампионската и во купот. Затоа аеродромци во Супер ќе играат против нивниот противник од финалето на купот, Феникс.

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА
сабота (23 септември)

17.00  БАСКЕТ КАМ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.30  МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС

Натпреварите ќе се играат во СЦ „Кале“ во Скопје, а ќе бидат емитувани во живо на Македонската телевизија (МРТ3).

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА

Сите актуелности поврзани со Супер купот ќе може да ги следите ги овде