Вицепрвакот Алкалоид забележа победа во дербито од А групата од 2.коло совладувајќи ја домашната екипа ГРК Охрид со 28:22 (16:10).

Извонредниот почеток на Алкалоид и водството од 5:0 за гостите им донесе посигурна игра. Но, избраниците на домашниот тренер Стевче Алушевски ги консолидираа редовите и брзо стигнаа до 7:7.

Сепак гостите од Скопје откако се созедоа од шокот повторно направија разлика сега од шест голови 15:9 и на полувреме беше 16:10.

Кон средината на вториот дел Алкалоид во неколку наврати имаше и највисоки +9, а првиот пат беше 23:14.

Домашната екипа до крајот на дуелот успеа само да намали и да го ублажи поразот.

Најефикасен на дуелот беше Марко Митев од Алкалоид со 9 голови, додека кај Охрид најпрецизен беше Гал Цицар со 6.