Јувентус продолжи со одличните настапи и со сигурни 3:1го совлада Лацио.
Одличен натпревар одиграа ударни игли на Бијанконерите, Киеза и Влаховиќ, кои беа стрелци на погодоците.
Српскиот напаѓач Влаховиќ во 10-тата минута со одличен удар го матираше противничкиот голман за предност од 1:0.
Предноста ја зголеми Киеза во 26-тата минута, резултат со кој заминаа на полувреме.
Бјанкочелестите од Рим се вратија во натпреварот со прекрасниот погодок на Луиз Алберто во 64-тата минута. Кога се очекиваше гостите да бркаа изедначување, Влаховиќ со нова мајсторија во 67-та минута го реши прашањето на победникот.
За Јувентус ова е трета победа и со 10 бода е прв на табелата, додека пак Лацио останува на само три освоени бода.