Екипите на Шкупи и Брера Струмица го одиграа првиот натпревар од седмото коло во првата лига. Шкупи славеше со 1:0, а ова е трет натпревар во низа без победа за Брера.

Во првиот дел гледавме доста досаден фудбал, без некои посериозни прилики. Нападите на Шкупи беа јалови, а нивните удари беа лесен плен за голманот Марко Алчевски.

После еден час фудбал почнаа вистинските возбудувања. Димитар Трајков прв се закани, а неговиот удар во 64-минута заврши во стативата на Шкупи.

Кристијан Трапановски во 66-минута се закани со одличен удар, но на висина на задачата беше повторно Алчевски.

Само три минути подоцна, во 69-минута после еден центаршут Дарко Илиески се обиде со глава, но повторно Алчевски одбрани, а после одбиениот удар повторно Илиески се избори за топката и асистираше до Луан Абази кој го отвори резултатот и донесе водство за Шкупи од 1:0.

Луан Абази во 75-минута не сакаше да биде себичен, асистираше до Арби Воша, меѓутоа овој од само неколку метри биеше над голот.

Чаирчани до крајот на натпреварот го умртвија темпото и успеа да стигнат до третата победа оваа сезона.

 ПМФЛ 7.КОЛО
Сабота
ШКУПИ – АП БРЕРА СТРУМИЦА 1-0
Недела (15 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ВАРДАР

Standings provided by Sofascore