Одбојкарската репрезентација на Словенија е освојувач на третото место и бронзениот медал на 33-тото ЕП 2023 за мажи.
Во завршницата на ова ЕП што се игра во Рим, по голема борба и пет сета, Словенија успеа со 3-2 да ја победи Франција.
Словенците имаа предност по првите два сета откако ги освоија со 25-22 и 25-16. Се чинеше дека веќе ја имаат бронзата на своите гради.
Но, така не мислев Французите кои не се предадоа и со одлична игра во следните два сета успееја да го израмнат резултатот на 2-2 во сетови и да ја направат борбата за третото место уште поинтересна.
Франција ги освои сетовите со 25-21 и 25-18 за неизвесен петти сет.
Во него, се играше поен за поен, но Словенците на средина на сетот се одлепија резултатски на три до четири поени и таа предност ја задржаа до крајот.
На крајот Словенија победи со 15-11 за победа од 3-2 во сетови и заслужено се освојувачи на бронзениот медал.
Финалето е закажано за 20.30 часот каде ќе се сретнат Италија и Полска