Металург ги совлада тимот на Спартак со 31:23 во првото коло од женската Супер лига .

Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни, по што следеше изедначен резултат до 8-тата минута.

Металург во 14-тата минута успеа со серија 3-0 да поведе со 7:4. Домаќинот во 25-тата минута ја зголеми предноста на +6. Металург успеваше да ja oдржи разлика и не попушти на отпорот на гостите до крајот на полувремето. Па првата половина од натпреварот заврши со резултат 18:9 за домаќините.

На почетокот на втората половина екипата на Металург Автокоманда ја зголеми предноста на +10 (19:9).

Тимот на Спартак се обидуваше да ја намали негативата, па во 48-та минута намалија на 24:20. Домашната екипа до крајот на натпреварот успешно ја одржуваше предноста па крајниот резултат беше 31:23.

Најефикасни од Металург Автокоманда беа Марија Гугуљанова со седум погодоци и Сара Миновска со шест, додека од Спартак Ангела Гроздановска даде исто шест голови.

Ивона Кимовска