Во четвртото коло од Првата женска фудбалска лига, се одигра дерби натпреварот помеѓу ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица Саса.
Победата и припадна на гостите од Каменица кои успеаа да слават минимално со 1:0.
Двете екипи се со големи амбиции и борба за првото место. Така беше и на овој натпревар каде што двете екипи покажаа желба за победа, но поумешни беа девојките од Каменица.
Единствениот гол на натпреварот гопостигна Ана Димитровска.
Каменица Саса успеа да слави и со вториот конкурент за титулата и повторно на гостински терен. Во претходниот дерби натпревар, одбраната на ЖФК Љуботен немаше решение за расположената Ленче Андреевска, кој постигна 3 гола и беше најзаслужна за таа победа.