Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата екипа Рајо Вањекано им се вратија на победите во шпанската Ла Лига.
Во воведниот натпревар од 5.коло фудбалерите на Рајо Ваљекано славеа против Алавес на домашен терен со резултат 2:0.
Рајо поведе и кон крајот на првото полувреме (42.минута), од пенал. Паласон беше прецизен за 1:0 на паузата.
Домашната екипа апсолутно ја презеде иницијативата во продолжението. Алавес практично немаше шанси, па зачудувачки е што резултатот на крајот не беше поубедлив.
Имаше можности преку Перез, па Камел. Конечно во 83.минута Гарсија по брзата контра Де Фрутос постигна гол за 2:0 и и трета победа на Рајо, по двата врзани порази.
Димитриевски кој поради повреда на грбот го прескокна дуелот на Македонија со Малта, вечерва ги одигра сите 90+ минути.
По овој натпревар Рај Ваљекано е 4-ти со три победи и два порази, додека Алавес е 12-ти со два триумфа и три загубени натпревари.