Со вкупно осуммина борачи, Македонија ќе биде дел од претстојното Светско првенство во слободен стил кои утре стартува во Белград.

Седуммина во машка конкуренција и само една дама ќе не преставуваат на Мундијалот, на кој главна цел е обезбедување на норма за Летните Олимписки Игри во Париз следната година.

Вероника Рјабоволова, предводена од тренерот Магомед Ибрагимов, е единствената во женска конкуренција. Таа ќе настапи на 20 септември во категоријата до 50 килограми.

Во машка конкуренција боите на Македонија ќе ги бранат:

16-17.09.2023
61.кг Бесир Алили
70.кг Фати Вејсели
86.кг Дејан Митров
17-18.09.2023
57.кг Владимир Егоров
74.кг Расул Шапиев
79.кг Ахмад Магомедов
18.19.09.2023
97.кг Магомедгаџи Нуров

Националниот тим  ќе биде предводен од тренерите Бобан Данов и Суфијан Исмаили.

Борбите ќе може да се следат во живо овде.