Во организација на АК Атомик, в недела повторно ќе се одржи трката насловена како „Kolorrun powered by East Gate Mall & Atomic“.

Како што најавува организаторот, годинашното, второ издание ќе биде по масовно од претходното.

Над 1.200 натпреварувачи ќе настапат на делниците од 10 и 2,5 километри, како и на трите детски трки на 100, 200 и 500 метри.

„Оваа година гарантираме многу повеќе бои, многу нови лични рекорди имајќи во предвид дека рутите на 10.км како и на 2,5.км се рамни што во светот на атлетиката претставува добра можност за подобрување на резултати.

Оваа година ја имаме повторно трката на 2,5.К која што е наменета за тим билдинг, сплотување помеѓу колеги, пријатели, а се разбира и е совршена за сите почетници во атлетиката.

Детската трка, која што оваа година ја поделивме во неколку категории согласно возраста на најмладите натпреварувачи има за цел да ги поттикне здравите навики уште од мали нозе, на еден забавен и спортски начин”

изјавуваат од АК Атомик

Настанот е закажа за во недела (17 септември) со старт во 8:30 часот пред „East Gate Mall“.

Ве покануваме во недела да трчате, навивате, бодрете зошто ова е трка што не сакате да ја пропуштите.