Репрезентациите на Словенија и Франција се првите полуфиналисти на европското првенство.

Ова е епилогот по денеска одиграните два четвртфинални дуели на континенталниот шампионат.

Словенците во Варна ја победија Украина во интересен меч во кој беа одиграни четири сета. Исклучок првиот кој Словенците го добија со 25-17. Останатите три беа искучително неизвесни.

Особено тоа важи за вториот сет во кој заврши со 60 поени, а им припадна на Словенците со 31-29. Во третиот Украинците беа подобри (21-25) и намалија на 1:2.

Иако Украина се обиде да стигне до израмнување, сепак тоа Словенците не го дозволија. Повторно по голема борба поуспешни беа Словенците кои го добија со 25-23, за до го заокружат мечот со 3:1.

На вториот четвртфинален дуел, последен во Варна, Франција со 3:0 ја доби Романија (25-22, 25-14, 25-23).

Кои ќе бидат противници на Словенија и Франција ќе дознаеме по утрешните мечеви што ќе се играат во Бари.

По нив завршницата се сели во Рим, каде ќе се игра полуфиналето и дуелите за медал.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
11 септември (Варна)
СЛОВЕНИЈА – УКРАИНА 3:1
РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА 3:0
12 септември (Бари)
18.00 ИТАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА
20.00 СРБИЈА – ПОЛСКА

ПОЛУФИНАЛЕ
14 септември (Рим)
Италија / Холандија – ФРАНЦИЈА
Србија / Полска – СЛОВЕНИЈА

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
16 септември (Рим)
За 3.место
Финале