Возачот на Прамак Дукати, Шпанецот, Хорхе Мартин досега има одличен викенд на патеката ,,Марко Симончели,, во Мизано.

Откако ја освои пол-позицијата со убедливо време пред второпласираниот Бецеки, успеа да слави и на спринт трката.

Мартин во квалификациите имаше најбрз круг со време од 1:30:787 минути со што постави и нов рекорд на патеката.

Зад него ќе тргне Марко Бецеки, а првиот стартен ред со мотоцикли на Дукати го комплетира актуелниот светски шампион Франческо Бањаја, кој имаше одличен настап и покрај тешкиот пад во Барселона минатиот викенд.

На спринт трката подиумот беше идентичен како и во квалификациите. Славеше Мартин пред Бецеки и Бањаја, кој во финишот мораше да се брани од Дани Педроса од КТМ.

Петти финишираше Бред Биндер од КТМ, а потоа следуваат Маверик Вињалес, Лука Марини и Алеиш Еспаргаро.

Па така сега во генералниот поред, Бањаја останува лидер со 267 бодови, Мартин е втор со 222, додека Бецеки е трет со 198 бодови.

Трката за големата награда на Сан Марино стартува од 14 часот.