Во квалификациите за ЕУРО 2024 денеска се одиграа девет натпревари.

Во четвртото коло од групата „Г“ во Белград, Србите и покрај раното водство се поразени од Унгарија со 2:1. 

Србите поведоа уште во 10-тата минута кога по ударот на Влаховиќ топката удри во Атила Салај и заврши во мрежата на Унгарците. 

Сепак гостите не се предадоа. Со головите на Варга (34) и Орбан (36) направија комплетен пресврт. До крајот на натпреварот, немаше промени па Унгарците славеа со 2:1. 

Данска, Франција и Холандија не дозволија изненадување, но затоа дуелот меѓу Чепка и Албанија заври без победник.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
КАЗАХСТАН – ФИНСКА 0:1
ЛИТВАНИЈА – ЦРНА ГОРА 2:2
ЧЕШКА – АЛБАНИЈА 1:1
ДАНСКА – САН МАРИНО 4:0
ФРАНЦИЈА – Р. ИРСКА 2:0
ХОЛАНДИЈА – ГРЦИЈА 3:0
ПОЛСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 2:0
СЛОВЕНИЈА – СЕВЕРНА ИРСКА 4:2
СРБИЈА – УНГАРИЈА 1:2