Арина Сабаленка и Медисон Кејс го комплетираа вториот пар за полуфиналето на УС Опен во женска конкуренција.
Белоруската која по Гренд слемот во Њу Јок (во понеделник) ќе биде прва на ВТА листата лесно се справи со Кинвен Женг.
Во четвртфиналниот меч Сабаленка на противничката и препушти само пет гема совладувајќи ја со 6:1 и 6:4.
Така Сабаленка ја продолжи одличната серија на Грен слем турнирите годинава. Таа го освои Австралија опен, а потоа играше во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон.
На патот до финалето во Њу Јорк и стои Американката, Медисон Кејс која не очекувано лесно со 6:1 и 6:4 ја совлада шампионката од Вимблдон, Маркета Вондрушова од Чешка.
Првиот полуфинален пар кај дамите го сочинуваат Американката, Коко Гоф и Каролина Мухова од Чешка (финалистка на Роланд Гарос).