Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е меѓу осумте најдобри на фјучрсот во Виена.
Ѓорческа по голема борба и меч во три сета ја совлада четвртата носителка Леире Ромеро Гормаз од Шпанија 2-1 во сетови (6:2, 1:6 и 7:5).
Првиот сет мина во доминација на Ѓорческа која по 2:2 во гемови имаше серија од четири гема и сетот го заврши со 6:2.
Во следниот сет беше спротивна слика. Гормаз поведе со 3:0, па следуваше гемот на Ѓорческа за сетот да заврши со 6:1 за шпанската тенисерка.
Во решавачкиот сет се водеше голема борба.
При резултат 5:4 Ѓорческа не искористи три меч топки и Гормаз изедначи на 5:5. Сепак во 12-тиот гем Ѓорческа не ја повтори грешката и ја искористи 4-тата меч топка.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против шестата носителката Романката, Ирина Бара.