Искусната одбојкарка Елена Пандева ќе биде новото засилување на екипата на Струмица.

Пандева која лани со успех настапуваше во италијанскиот шампионат се враќа во својот матичен клуб.

„По многубројните понуди за меѓународна сцена решив да останам во својот клуб. Чувствувам дека е време за нови успеси во Струмица.

Квалитетот на екипата и играчкиот ростер се на високо ниво оваа сезона, со што амбициите пораснаа уште повеќе. Со засилувањата од Србија, заедно со двете репрезентативки, Владевска како моја десна рака и младите надежи екипата е комплетирана и спремна за нови предизвици.

Веќе владее добра атмосфера што за мене е најважно во овој момент. Со заедничка цел и многу труд им ветуваме квалитетна женска одбојка на струмичани“,

вели Пандева во изјавата за СПОРТ+.

Поранешната македонска репрезентативка, со своето искуство ќе го направи струмичкиот тим многу по конкурентен.