Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 денес го одиграа натпреварот за титулата од Супер Купот.
Вардар го совлада шампиот Еурофарм Пелистер со 30:26 и четврти пат го освои Супер куп трофејот.
Натпреварот стартуваше со по еден погодок на двете страни. Еурофарм со серија од 2-0 во 10-тата минута успеа да поведе со 5:3. Но, црвено-црните не дозволија и во 20-тата минута израмнија па потоа и поведоа со 9:8.
Во последните десет минути се играше израмнето, па а на полувреме резултатот беше 13:13.
Во втората половина екипата на Вардар со серија 2-0 поведе со 17:15. Но, пелистерци во 40-тата минута израмнија на 17:17.
Двете екипи играа мотивирано и борбено по што резултат беше израмнет во наредните десет минути. Вардар успеа повторно да поведе со минимални 25:23. Вардарци успешно ја зголемуваа предноста до крајот на натпреварот и славеа со конечни 30:26.
Најефикасен од победничкиот тим беше Срдановиќ Марко со осум погодоци, додека од екипата на Еурофарм Пелистер Радивојевиќ Богдан даде седум гола.
Ивона Кимовска