Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот, Вардар ќе се борат за трофејот од Супер Купот.
За „црвено-црните“ ова ќе биде трет официјален натпревар сезонава откако одиграа два со Р.Н. Левен во рамките од квалификациите од Лига Европа, додека за првакот Е. Пелистер ова е прв дуел.
Екипата на Вардар го има освоено трофејот три пати во 2017,2018 и 2019 година, додека Еурофарм Пелистер претходните две години го освои Супер Купот.
Лани во најавата на сезоната во Македонија двата тима одиграа натпревар во спортската сала „Билјанини Извори” во Охрид, каде екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Вардар со минимални 23:22.
Натпреварот е почнува во 18 часот и се игра во спортската сала ,,Парк” во Струмица.
Цената на билетот за натпреварот е 150 денари за сите блокови во салата.
Ивона Кимовска