Македонската фудбалска репрезентација од вчера ги одработува мини подготовките за претстојните два евро-квалификациски натпревари со Италија и Малта.

Во позитивна атмосфера мина првиот тренинг, на кој своите очекувања ги искажа младиот Јован Манев.

„На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор.

Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат.

Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот и ќе постигнеме позитивен резултат“, вели Манев.

Запрашан за последното натпревар во кој Македонија ја елиминира Италија од Мундијалот, Манев истакна:

„Не верувам во одмазда и такви работи.

Секој нов меч е нов предизвик и сакам позитивен резултат пред нашите фанови.

Ако не веруваме, нема да бидеме тука”,

изјави Манев.

Натпреварот Македонија – Италија ќе се игра во сабота на арената „Тодор Проевски“ во терминот од 20.45 часот.