Фаворитот број два во нашата група, селекцијата на Холандија, лесно се справи со Чешка и со 3:0 запиша нова победа.
И двете репрезентации тргнаа со силно темпо и се играшр поен за поен се до 7:7.
Тогаш на сцена стапи капитенот на Холандија Абдел Азиз, кој го повлече неговиот тим во серија. Чешкиот селектор се обиде со неколку ротации и тајм аут да го сопре нападот на холанѓаните, но беше прекасно. Со сигурна игра до крајот на сетот, ,,Лалињата” дојдоа до 25:22, за водство од 1:0.
Во вториот сет работите беа поинакви па фаворитот Холандија уште од самиот старт тргна силовите и направи серија од 5:1. Чесите во текот на целиот сет имаа негатива и се обидуваа да се доближат. Неколку добри сервиси ги вратија во егал 21:20. Сепак тоа беше се што направија во вториот сет, па Холандија со идентични 25:22 го доби и вториот сет.
Најдобара претстава од Чесите видовме во третиот сет кога отворија со 0:4 а потоа и со 1:6. Предноста ја чуваа се до 13:14, кога Абдул Азиз повторно повлече и Холандија го сврте резултатот за да со конечни 25:22 дојдоа до 3:0.