Македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец ги продолжува натпреварите во квалификациите за Европскиот шампионат 2024-та.

Македонија ќе одигра два натпревари со Италија на домашен и Малта на гостински терен.

Од утре (среда, 30 август), ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Италија, што ќе се игра на  арена „Тодор Проески“ во Скопје на 9 септември (20:45 часот). 

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 500 денари.

Продажбата на билети за натпреварот ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Северна трибина
Блок 13 и 19 300 денари и Блок 14, 18, 20 и 24 500 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 300 денари и Блок 2, 3, 4 и 5 500 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 300 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8 и 9 септември од 10 до 18 часот.